Се руши зградата во која е сместен централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

 

Од партијата за Пресс 24 велат дека уште во јули минатиот месец во четири дневни весници бил објавен јавен повик со инвеститорство кое треба да резултира со нови простории за партијата.

Од таму велат дека земјиштето е во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ и дека партијата побарала инвеститорот откако ќе го изгради објектот да и отстапи 30 % и во нив да го сместат седиштето.

Во моментов зградата во која беше сместен главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за рушење, веќе се извадени прозорците и целиот инвентар, а се подготвува и теренот за градежни активности.

ВМРО-ДПМНЕ велат дека зградата била стара 30 години со дотраена инсталација што ја прави скапа за одржување.

На сличен начин и СДСМ пред повеќе години си го обезбеди партиското седиште и штабот на Бихаќка на сличен начин беше проширен.

најчитано сега