Бранителите згрозени од изјавите на Стојанче Ангелов

 

Веќе ни политиката не е тоа што беше кога Стојанче стана главен екпоненет на Албанците и СДСМ кои уживаат во неговата недоветност, нестабилност, лакомост. Ваквата демонстрација на агресивност и неговите закани се доказ дека тој е само еден исплашен човек на кого му треба друг вид на поддршка. Човек не знае дали да го жали или да се срами од него. Но, едно е јасно овој човек нити може да се нарече генерал, ниту пак има капацитет човечки и професионален да се нарече бранител.

Ова денес го истакна денес претседателот Здружението на бранители Бедем, Горан Димовски реагирајќи на изјавите на претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов.

Згрозени од изјавите на Ангелов дека заедно со УЧК сака да оди против власта од ВМРО-ДПМНЕ, од Бедем велат дека Стојанче очигледно со задоволство прави кловн од себе при тоа на сметка на сопствената изгубеност, неморал.

-Факт е дека е нестабилен и лабилен заработувајќи си парички и покажувајќи дека се има цена најмногу на среќа на УЧК кои се ситат на неговите циркузантски и деградирачки потези, потенцираше Димовски кој додаде дека Здружението не може да разбере поделба на македонското ткиво и свесно работење против државата.

Во меѓувреме на социјалните мрежи не стивнуваат реакциите од граѓаните по однос на изјавата на Ангелов. Додека едни се згрозени од неговата изјава, други  изразуваат емпатија и сериозна загриженост за психичката состојба на Ангелов.

Ангелов со изјавата самиот потврди дека се основани написите во дел од медиумите во кои се наведуваше дека постои сценарио во кое тој е подготвен заедно со Заев и со помош на радикални исламисти да предизвика обид за дестабилизација на Македонија, написи заради кои тој се закануваше со ликвидација на новинари за сега самиот да се демантира себеси со оваа јасна изјава за желба за сојузништво со УЧК.

Изразувањето на отворени симпатии кон УЧК кај граѓаните предизвика згрозување и одбивност. Тие сметаат дека Ангелов по ваквата изјава нема никакво морално право ни да зборува за бранителите, а камо ли пак да се обидува да се повикува на нив. Но, има и такви кои се загрижени за него па мислат дека дијаметрално различните ставови со кои настапува во јавноста, нагласената агресија и заканите кои ги упатува кон сите се сериозни знаци кои укажуваат на многу веројатно растројство на личноста кое може да е резултат на посттрауматски воен синдром.

Ваквата изјава на Ангелов  голем дел, пак, ја сметаат за продолжување на додворувањето на опозицијата кон Албанците поради недостигот на посакуваниот ефект на сценариото. Додворувањето не престанува откако истото започна со понудата преку опозицискиот Фокус, Албанец да биде премиер, а за директор на јавниот сервис да биде именуван уредникот на Алсат, Мухамед Зекири.

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега