Регистрирани два нови случаи на туларемија
Два нови случаи на туларемија се потврдени во Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Како што соопшти денеска македонскиот министер за здравство, Никола Тодоров, вкупниот број заболени во државата од јануари досега изнесува 25. Има сериозен тренд на намалување бидејќи од 18 сомнителни лица само два се потврдија, а кај останатите 16 резултатот беше негативен.
Тодоров денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на апарати за генотипизација на ХИВ вирус на Клиниката за инфективни болести.
Оцени ја веста
01.04.2015 - 15:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа