СДСМ ги злоупотребува средношколците

 

И покрај тоа што Владата вчера излезе во пресрет на барањата на средношколците и се постигна договор тие да имаат право на избор, односно математиката нема да биде задолжителна, поголем број средношколци денеска маршираа по скопските улици.

Како организатор на денешниот протест се јавува таканаречениот Средношколски пленум, кој пак е пандан на таканаречениот Студентски пленум за кој во јавноста стана јасно дека не е ништо друго, туку само продолжена рака на СДСМ и Соросовата фондација во земјава. Токму и студентите од овој пленум се приклучија на денешниот протест.

Дел од средношколците кои денеска маршираа самите се пофалија дека главната причина за протестот е  губење настава, како и дека со автобуси ги донеле во Скопје, што е случај со средношколците од Куманово. Зад таквата организација според кажувањата и информациите до кои дојдовме стои најголемата опозициска партија СДСМ, како и локалната власт во општините со кои раководи опозицијата, како што е случајот со Куманово.

Ова претставува класична партиска злоупотреба на деца и уценици, поради што се отвораат низа прашања. Кој им го организирал превозот на децата и кој платил за тој превоз?  Зошто е потребна ваква злоупотреба на деца за ситни политички поени? Кој ќе им ги надомести изгубените часови на средношколците? Кој ќе сноси одговорност доколку некој малолетен средншколец се соочи со некакви проблеми или можеби нешто посериозно?

Прашањето кое се поставува до најголемата опозициска е до ова ли дно ли дојде СДСМ, со директна злоупотреба на малолетни уценици да остварува партиски цели. Политичката злупотреба и партискиото делување на таканаречениот Средношколски пленум особено излегува на површина ако се земе во предвид фактот што Владата вчера излезе во пресрет на барањата на средношколците со што се постигна договор тие да имаат право на избор- математиката нема да биде задолжителна.

По подолга дебата со претставници на Унијата на средношколци на Македонија, во Министерството за образование и наука беше постигната согласност математиката да не биде задолжителен предмет за сите матуранти при полагањето на државната матура. Математика ќе полагаат само учениците кои се запишани во гимназиско образование и кои на крајот од втората, односно почеток на третата година од средното образование, го одбрале природно – математичкото подрачје.

За гимназијалците коишто го одбрале општествено – хуманистичкото подрачје, како и за сите ученици од средните стручни училишта, математиката ќе биде предмет со можност за избор, покрај странскиот јазик, односно ќе се полага само доколку ученикот го одбере, согласно личната волја, убедување и афинитети. За гимназијалците коишто го одбрале јазично – уметничкото подрачје, задолжителни за матура ќе бидат предметите мајчин и странски јазик.

На средбата била постигната и согласност, според која Министерството за образование и наука во следниот период треба да достави писмо до сите факултети од областа на техничките науки, со кое ќе им препорача, приоритетност во уписните политики, да имаат кандидатите коишто на државна матура одбрале и положиле математика.

Дополнително, од техничките факултети ќе биде побарано да ја разгледаат и можноста за стипендирање на кандидатите коишто во текот на средното образование оствариле високи постигања по математика.

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега