Олеснување за граѓаните: Седмо намалување на цените на лековите

 

По седми пат се намалија цените на лековите. Од денеска 542 лека во аптеките ќе можат да се купат по пониска цена, а дел од нив граѓаните ќе можат да ги купат и по двојно пониска цена. Антибиотици, лекови за намалување на масти во крвта, висок крвен притисок, лек за шизофренија, цитостатици се дел од лековите кои се најдоа на листата.

Најголема заштеда има кај лековите против згрутчување на крвта и остеопороза. Освен државата, бенефитот од намалената цена ќе имаат и граѓаните. Заштедата е околу милион и 600 илјади евра.

Инаку, по период од шест месеци, следува осмото намалување не цените на лековите. До сега поевтинија речиси 4.000 лекови.

 

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега