Метеоролозите носат лоши вести за викендот за Велигден

 

Намалување на температурите, облачно време и врнежи од дожд. Вакви се прогнозите на метеоролозите за наредните неколку дена, вклучувајќи ги велигденските празници.
Врнежи од дожд се очекуваат уште во текот на вечерва. Температурите се очекува се се спуштат некаде околу нулата. Слично време не очекува и утре а во петок, најавено е заладување и негативни утрински температури.
За викендот повторно наоблачување и дожд кој ќе биде поизразен во недела кога се очекуваат максимални температури до 9 степени. Слично време ќе се задржи и во текот на наредната недела. Температурите постепено ќе растат но нема да има разведрување. За Велгиденските празници се очекува облачно време со послаби врнежи. На Велика Сабота температурите ќе достигнат 12 степени, а на Велигден 14 исто како и во понеделник кога се најавуваат можности за локализиран дожд.

 

 

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега