Зоран Заев утрово во Обвинителството - ги гледа доказите против него

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев утрово е на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал во врска со сомневањата за побаран поткуп од 200.000 евра, јавува репортерот на Press24 од пред Судската палата.
Според кривичната пријава на полицијата, градоначалникот на Струмица, ја побарал оваа сума на пари од извесен струмички бизнисмен за да му овозможи приватизација на градежно изградено земјиште. Ова не е прва пат Заев да се најде во Јавното обвинителство за организиран криминал. Тој во повеќе наврати беше повикан во врска со овој случај но и со случајот Пуч, каде се јавува како четврто осомничен во аферата со незаконското прислушување.
Се очекува во текот на денот на Заев да му бидат презентирани сите докази од истрагата за случајот со поткупот.
Како што дознава Press24 од свои извори во Обвинителството, досега Заев молчел во врска со обвинувањата за двата предмети и не дал никаков исказ.

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега