Се менува законот: Нема веќе увоз на половни автомобили и нивно препродавање

Министерството за економија во првата половина на наредниот месец треба да изготви предлог за измени на Законот за трговија, со кои ќе се оневозможи граѓани да увезуваат автомобили, а потоа да ги продаваат на домашниот пазар, јавува Вечер

 Со увезени употребувани моторни возила да тргуваат само фирми, а не и физички лица, предвидува Министерството за економија кое подготвува измени на Законот за трговија.  Според сегашната регулатива, трговија со употребувани моторни возила можат да вршат правните и физичките лица кои се регистрирани за трговија со употребувани моторни возила во Централниот регистар. Но, во практиката, освен дилерите регистрирани за трговија со употребувани моторни возила, половни возила продаваат и граѓани кои ги увезуваат како за свои потреби, а потоа ги препродаваат на домашниот пазар.

Со увезени употребувани моторни возила да тргуваат само фирми, а не и физички лица, предвидува Министерството за економија кое подготвува измени на Законот за трговија.  Според сегашната регулатива, трговија со употребувани моторни возила можат да вршат правните и физичките лица кои се регистрирани за трговија со употребувани моторни возила во Централниот регистар. Но, во практиката, освен дилерите регистрирани за трговија со употребувани моторни возила, половни возила продаваат и граѓани кои ги увезуваат како за свои потреби, а потоа ги препродаваат на домашниот пазар.  Граѓаните кои прават ваков бизнис, сметаат во Министерството за економија, се нелојална конкуренција на регистрираните дилери.  Подготвувачот на измените на Законот за трговија за основна цел што треба да се постигне го поставува сузбивањето на сивата економија. Се смета дека тоа би се постигнало преку воспоставување на правна законска рамка со која нема да се дозволи нелојална конкуренција при трговијата со употребувани моторни возила. Исто така, идејата е и да се создадат подеднакви услови за вршење на трговијата со употребувани автомобили.  Според планот, Предлог-законот за измени на Законот за трговија од Министерството за економија треба да излезе на 11 наредниот месец.  Дилерите со стари автомобили кои имаат плацови и регистрирани фирми се задоволни од предложнеите измени, зашто конечно ќе се ослободат од нелојалната конкуренција која им го подјадува бизнисот. 

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега