Инструктори од Словенија едуцираа невработените жени во Велес

 

Инструктори од невладината словенечка еколошка организација „Сметумед“, денеска во Регионалниот креативен центар во Велес ги едуцираат жените вклучени во проектот на Фондација „Фокус“ за економско јакнење на жените од Вардарски регион, пренесува МИА.

Првата група од петнаесет жени од Градско, Лозово и Свети Николе беа обучувани за употребата на рециклираниот материјал во создавање на нови производи.

Маја Модријан и Маја Ријавец од Еколошката организација „Сметумед“ од Љубљана на прес- конференција потенцираа дека се задоволни што и во Македонија се реализира ваков проект.

Модријан појасни дека ги обучуваат жените од старите предмети да создадат нови и така да заработат за егзистенција. Жените вклучени во проектот работат со различни материјали: картонски кутии, стари чадори, стара кошули, табли за јајца и уште многу други амбалажи, кои секојдневно ги фрламе во смет, а од кои можат да се изработат прекрасни, нови предмети.

- Ние од Словенија им донесовме полни куфери со производи создадени од рециклирани материјали со кои сакаме да ги едуцираме и тие да создаваат вакви производи. Сакаме да ги поттикнеме да размислат за своја идеја и да создадат нов и убав производ, а од нешто што колку и да звучи грубо претставува смет потенцира Модријан.

Словенечките инструкторки утре во Велес ќе одржат обука на жени од Кавадарци, Чашка, Демир Капија, Неготино, а задутре на жените од Велес.

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега