ФОТО: Графити против Стојанче Ангелов осамнаа во Скопје
Скандалозниот статус на претседателот на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов во кој гордо рече дека сака заедно со УЧК да оди против власта на ВМРО-ДПМНЕ, предизвика реакции кај граѓаните, па затоа утрово низ Скопје осамнаа графити со кои граѓаните јавно покажаа што мислат за ваквите изјави на Ангелов, напиша Курир.
За потсетување, Ангелов вчера реплицирајќи му на новинарот Драган Павловиќ- Латас, рече дека тој е подготвен со УЧК и командантот Валтери од ветераните на УЧК да оди против власта и Латас. Притоа, тој го замоли уредникот на Алсат-М, Мухамед Зекири да му организира и ТВ емисија со командантот Валтери.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа