Битола побара помош од 37,2 милиони денари за надомест на штетите од поплавите
Советот на општина Битола го прифати извештајот на посебната комисија за увид во последиците и проценка на предизвиканите штети од неодамнешните поплави.
Со цел навремено отстранување на последиците од штетите предизвикани од поплавата битолските советници од Владата на Република Македонија побараа да додели помош во износ од 37.213.744 денари.
- Општината преку своите стручни лица сама направи процена на оштетена инфраструктура, односно мостови, патишта,свлечишта, речни корита, како и трошоци кои ги направија локалните јавни и приватните претпријатија учесници во справувањето со поплавата, и вкупната штета е проценета на 12.741.474 денари, информираа од општинскиот Совет.
Според извештајот, за време на поплавата не се регистрирани човечки жртви или загината стока, нема заболени и повредени лица, ниту потреба од евакуација на граѓани.
Во извештајот што беше усвоен на денешната редовна седница се наведува дека Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, како трговско друштво извршило процена на штетата и таа изнесува 272.238.000 денари, а само делот што е на територијата на општината Битола процениле дека изнесува 139.957.402 денари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа