Соработка на хидрометеоролозите од регионот за справување со поплавите

 

Насоки за справување со поплави, презентации и практични обуки се дел од првиот состанок на Управниот одбор на проектот - Систем насоки за справување со поројни поплави во Југоисточна Европа што од денеска до 2.април се одржува во Скопје во организација на Управата за хидрометеоролошки работи и Светската метеоролошка организација, пренесува МИА.

Целта на состанокот, според директорот на УХМР Оливер Ромевски, е намалување на ранливоста на регионот од хидометеоролошки непогоди, особено од поројни поплави. 

- Брзите поплави се сериозен проблем и сметаме дека превентивата, насоките, а посебно тренинг делот за нашите хидролози ќе придонесат Република Македонија да го фати чекорот што се нуди на светско ниво, истакна Ромевски.

Присуството на хидролози од УХМР и ЈИЕ, експерти од САД и Светската метеоролошка организација (СМО) е од големо значење за претставникот за Европа во СМО Милан Дациќ. 

- Овој состанок е многу значаен бидејќи претставува алка во ланецот на активности кои е потребно да се спроведат за да се формира систем за рани најави и предупредувања. Меѓународната соработка која ќе следува по состанокот ќе придонесе поквалитетни и подобри прогнози во Земјите од Западен Балкан, изјави Дациќ.

Тој смета дека треба да се работи на системи за набљудување кои треба да ги развијат државите за да може да се справиме со сите несреќи, кои би се случиле во иднина како резултат на климатските промени или внрежите.

Томасо Абрате од Светската метеоролошка организација подвлече дека е важна зедничката соработка на метеоролозите и хидолозите од регионот.

- Поплавите се локален феномен и нема едно единствено решение и пристап за да се справиме со нив. Тоа што метеорологијата и хидрологија во Македонија се заедно овозможува да можат да соработуваат за размена на податоци или информации во поглед на врнежите, количина на врнежи, влажноста на воздухот..., заклучи Абрате.

Директорот на хидрометеоролошкиот ценатар од Сан Диего смета дека за справување со поплавите особено е важно да се работи на градење на капацитетите.

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега