Куманово: Одбележан светскиот ден на книгата

 

Читателите кои ја посетија библиотеката добија книга и цвет.

- Традиционално го одбележуваме Светскиот ден на книгата со подароци  за нашите читатели. Задоволни сме од посетеноста во текот на целата година, а истовремено може да потенцираме дека поседуваме солиден книжен фонд, вели Нада Ивановска, директорката на библиотеката.

По повод Светскиот ден на книгата беа прочитани двете пораки од генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и од македонскиот поет и есеист Никола Маџиров.

- Книгата во традиционалната форма останува моќна технологија ,што не се расипува која може да ја понесеме со себе и која му пркоси на времето. Секоја форма на книгата е драгоцена, таа не едуцира, ја шири културата и информациите,се вели меѓу другото во пораката на генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова за Светскиот ден на книгата и авторското право.

Годинава, Светскиот ден на книгата се прославува по 17-ти пат.

ФОТО: Локално

најчитано сега