Катче за најмалите - во Јегуновце ќе се гради нова детска градинка

 

Во општина Јегуновце денеска беше поставен камен-темелник на нова детска градинка на кој присуствуваа министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на општина Јегуновце, Тони Коцески.

-Со оглед на фактот дека објектот кој што функционира како детска градинка во овој момент е во една лоша сосотојба, и потребно беше да се обезбедат средства и да се започне со изградба на новобјект а не со реконструкција на постоечкиот бидејќи се работи за навистина стар и дотраен објект кој понатаму нема да биде во функција. Токму поради тоа инвестиравме во изградба на детска градинка во Општина Јегуновце  и вкупниот проект ќе низнесува над 5.000.000 денари. Очекуваме во текот на оваа година да заврши и изградбата на објектот и потоа да започне и опремувањето и со тоа да биде ставен во функција, рече министерот за труд и социјала.

Тој потенцираше дека Министерството и понатаму ќе продолжи со инвестиции и оваа година во изградба и отворање на детски градинки во соработка со општините во Република Македонија. За таа цел се има план и веќе се започнати инвестиции во над 10 објекти што ќе бидат наменети за детски градинки во повеќе општини во Република Македонија согласно со Програмата на Владата на Република Македонија и во таа насока ќе се продолжи.

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега