Ангелов: Со УЧК и командант Валтери ке одам против власта
Претседателот на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов вечерва објави скандалозен статус во кој гордо вели дека тој сака заедно со УЧК да оди против власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Ангелов реплицирајќи му на новинарот Драган Павловиќ- Латас, вели дека тој е подготвен со УЧК и командантот Валтери од ветераните на УЧК да оди против власта и Латас. Притоа, тој го моли уредникот на Алсат-М, Мухамед Зекири да му организира и ТВ емисија со командантот Валтери.
-Овојпат нема да бидам против него! Овојпат со него ќе бидам против тебе! Против тебе и овој гнасен и криминален режим!, пишува Ангелов.
На овој начин, Ангелов самиот потврди дека се основани написите во дел од медиумите во кои се наведуваше дека постои сценарио во кое Ангелов е подготвен заедно со Заев и со помош на радикални исламисти да предизвика обид за дестабилизација на Македонија, написи заради кои тој се закануваше со ликвидација на новинари за сега самиот да се демантира себеси со оваа јасна изјава за желба за сојузништво со УЧК.
Оваа фејсбук изјава на Ангелов наидува на огромен револт на социјалните мрежи каде што дел од граѓаните жестоко реагираат на оваа скандалозна изјава на Ангелов со која тој изразувајќи отворени симпатии кон УЧК, дефинитивно го избриша во еден момент сето свое минато како некогашен припадник на безбедносните сили. После ова, тој нема никакво морално право ни да зборува за бранителите, а камо ли пак да се обидува да се повикува на нив.
Дел пак од граѓаните на социјалните мрежи изразуваат емпатија и сериозна загриженост за психичката состојба на Ангелов. Дијаметралните различни ставови со кои настапува во јавноста, честото менување на ставовите, нагласената агресија и заканите кои ги упатува кон сите, желбата за актуелност и визибилност по секоја цена дури и со ексцентрични настапи, како и изразувањето на отворени симпатии кон УЧК против која во дел од својата кариера се бореше како припадник на полицијата се сериозни знаци кои укажуваат на многу веројатно растројство на личноста кое може да е резултат на посттрауматски воен синдром.
Во дел од коментарите на Фејсбук, граѓаните дури и замолуваат Ангелов да не биде критикуван заради оваа своја срамна изјава и се апелира тој да не е предмет на критика или пак на третирање, затоа што веројатно има нешто психичко што е посилно од него и треба да му се помогне.
Редакцијата на Курир истакнува дека како што нема да се исплаши од евентуалните закани кои би можел да ги упати Ангелов до нас, исто така нема ни да му се налути или пак да биде навредена доколку тој тоа го направи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа