МАН остро реагира на вербалниот напад од Стојанче Ангелов кон уредникот на Нетпрес

 

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува недоличното однесување, односно заканите, на генерал Стојанче Ангелов кон новинарот Дејан Николовски од порталот Нетпрес. Според МАН никој не смее да им се заканува на новинарите за вршење на нивната работа.

-МАН смета дека различните политички ставови може и треба да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и идеи, но не треба резултатот да биде навреда и закана. Притоа генералот Ангелов ако се залага за слобода на изразување и слободен пристап до информации, така треба и да се однесува кон сите новинари и медиуми без исклучок. Практично на слободата на медиумите и слободата на изразувањето генерал Ангелов треба да пристапува неселективно, велат од МАН.

МАН прашува за каква слобода на изразување и слобода на медиуми се залага генерал Ангелов кога на новинар за неговото пишување му се обраќа со зборовите: „Да не бев политичар, ќе беше многу едноставно. Го фаќам за врат и го трескам од земја! Безмислосно! Па што сака нека биде. Ќе платиш за се! Ќе платиш и тоа како!“  

За МАН е очекувано, но недозволиво селективното однесување на ЗНМ. Имено ЗНМ и овој пат не се огласи да заштити новинар кој не е платен список на фондацијата СОРОС.

Оваа реакција, по заканите на генерал Ангелов за новинарот Николовски, е доставена и до ОБСЕ, делегацијата на ЕУ во Р. Македонија, амбасадата на САД во Р. Македонија.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега