Во тек е средба на европратениците со претставници на ВМРО-ДПМНЕ

 

Претставниците на СДСМ, Радмила Шекеринска, Рената Треневска-Дескоска и Виктор Габер, предмалку ја завршија билатералната средба со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Рочард Ховит, во рамки на дијалогот што со посредство на Европскиот парламент се води со претставници на ВМРО-ДПМНЕ во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, иако беше првично предвидено состанокот на претставниците на СДСМ и европратениците да започне во 11:30 часот, тој беше пролонгиран за 45 минути поради доцнењето на европратеникот Кукан.

Па, така, предмалку заврши билатералката на македонските социјал-демократи со претставниците на ЕП, кои се набљудувани од двајца претставници на Европската комисија, но Шекеринска, Треневска-Дескоска и Габер одбија да дадат изјава за претставниците на македонските медиуми за тоа што се разговарало на првичната средба.

Билатерална средба со Вајгл, Кукан и Ховит во моментов одржуваат претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски. 

Според најавите, доколку европратениците и претставниците на Еврокомисијата, од билатералните средби со претставниците на двете македонски партии добијат впечаток дека има допирни точки за можен дијалог и договор, тогаш околу 15 часот се очекува да се одржи заедничка средба на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

 

Без ралзика на денешниот исход на овие првични разговори, од Европарламентот најавуваат дека по Велигденските празници ќе се одржи нова средба со цел ставање крај на политичката криза во Македонија и враќање на СДСМ во Собранието. 

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега