МАН со осуда за заканите по живот на генерал Ангелов до новинарот на Нетпрес

 

Македонската асоцијација на новинари МАН најостро ги осудува заканите по живот на генералот Стојанче Ангелов кон новинарот Дејан Николовски од порталот Нетпрес. 

- Генералот Ангелов ако се залага за слобода на изразување и слободен пристап до информации, така треба и да се однесува кон сите новинари и медиуми без исклучок. Практично на слободата на медиумите и слободата на изразувањето генерал Ангелов треба да пристапува неселективно, вели МАН во соопштението и прашува за каква слобода на изразување и слобода на медиуми се залага генерал Ангелов кога на новинар за неговото пишување му се обраќа со зборовите: „Да не бев политичар, ќе беше многу едноставно. Го фаќам за врат и го трескам од земја! Безмислосно! Па што сака нека биде. Ќе платиш за се! Ќе платиш и тоа како!".

Од МАН велат дека е очекувано, но недозволиво селективното однесување на ЗНМ кои овој пат не се огласија да заштитат новинар кој не е платен список на фондацијата СОРОС. Според МАН никој не смее да им се заканува на новинарите за вршење на нивната работа.

Инаку, реакцијата е доставена и до ОБСЕ, делегацијата на ЕУ во Р. Македонија, амбасадата на САД во Р. Македонија.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега