Владиката Петар: Недоразбирањата меѓу МПЦ и СПЦ може да се решат само со дијалог

Само со дијалог може да се решат недоразбирањата и проблемите, вели Преспанско-пелагонискиот владика Петар за долгогодишниот проблем со српската православна црква во неделното интервју за Радио Слободна Свропа и изразува надеж дека ќе се создадт услови за разговори на релација МПЦ - СПЦ.

- Се надеваме дека ќе се создадат можеби услови за да се отпочне со тие разговори, а тие услови секако дека ќе следат откако и од наша страна, па и од страна на СПЦ се сфати и разбере дека од досегашните некомуницирања ниту ние, ниту тие имаат некаква полза и конечно да се разбере, да се сфати дека само со дијалог може да се решат недоразбирањата и проблемите, вели митрополитот на преспанско-пелагониската епархија, Господин Петар. 

На прашањето дали во изминатиот период имаше иницијативи од македонска страна или од страна на СПЦ за продолжување на дијалогот, тој подвлекува дека не забележавме ниту во соопштенијата на Соборот на СПЦ оти воопшто тоа е ставено на дневен ред за да се дискутира.

За Нишкиот договор односно како што нагласува митрополитот на преспанско-пелагониската епархија дека тоа е предлог-договор, а тоа значи дека не е обврзувачки ниту за нас, ниту за СПЦ, иако СПЦ сакаше тоа да го наметне како да е веќе некаков договор кој има обврзувачки карактер за двете цркви.

- Такви предлог-договори постоеле уште од многу години претходно, почнувајќи од првиот работен текст од Струмица, во манастирот Водоча и Вељуса, каде што јас не присуствував и потоа вториот текст којшто бил конечно изготвен во Нови Сад, па понатаму следуваа и други. Не станува збор за некаков обврзувачки договор, туку за предлог-договор како што првично беше и еден од најдобрите, може да се рече слободно, оној што се договоривме двете цркви во 1992 година во манастирот Света Богородица во Калишта, кога се донесе заеднички став на двете цркви дека треба да служиме заедно, ние архиереите и свештенството на двете цркви, и прашањето за нашата автокефалност да биде потоа решавано. Прво да се изрази евангелската љубов меѓу двете цркви, меѓу свештенството, епископатот и верниците, а потоа да следува решавањето и тој став е единствениот по мое длабоко убедување начин на решавање на спорот меѓу двете цркви, појаснува тој меѓу другото во интервјуто. 

ФОТО: Денешен

најчитано сега