Се менува законот за личните карти во Македонија
Собранието на Република Mакедонија денеска ќе ја одржи 41.седница, на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија.
Пратениците ќе расправаат и за измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет и за Предлог законот за јавнообвинителска служба.
На дневен ред на седницата се и измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, како и за измените на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи.
На 41-та седница ќе се расправа и за дополнувањата на Законот за земјоделски задруги, на Законот за водостопанство, за измените и дополнувањата на Законот за управување со отпадот, измените на Законот за хидрометеоролошка дејност, како и за повеќе предлог одлуки.
Оцени ја веста
30.03.2015 - 11:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа