Македонија покажува лидерство во процесот на воспоставување на Балканските медицински сили

 

„Еден од основните елементи на стратегијата на НАТО е мудрата одбрана која има за цел земјите-членки и партнерите на НАТО да можат паралелно и заеднички да координираат наменски сили за одредени ситуации. Ова во интервју за МТВ го изјави министерот Јолевски.

Министерот Јолевски објасни дека силите би функционирале на тој начин што во услови на поголема непогода во регионот, штабот кој ќе брои околу 20-тина експерти од земјите-членки, контактира со сите земји во регионот и земјите-членки на оваа иницијатива и тие заеднички генерираат капацитети за справување со истата. Станува збор за лекови, соодветна медицинска опрема и слично, додаде министерот, и посочи дека неколку земји во регионот поседуваат и високо развиени полски болници од ниво РОЛ-2, меѓу кои и Република Македонија.

Спогодбата за Балкански медицински сили досега ја потпишаа Македонија и Босна и Херцеговина, а се очекува набрзо истото да го сторат и Србија, Црна Гора, Словенија и Албанија.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега