Телефоните постојано ѕвонат: На „Ало докторе“ 1.142 повици за една недела

 

На телефонската линија  за медицински совет „Ало докторе“ 02/15123 во изминатите седум дена се регистрирани 1.142 повици, а од ставањето во функција на линијата во септември лани вкупно 29.748.  

Од Здравствен дом Скопје соопштуваат дека 21 доктор се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија. На сите лица кои се јавија на телефонската линија !Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.  

Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директори на јавни здравствени установи. Проф.др Звонко Миленковиќ од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби ќе дежура денеска од 18 до 22 часот, а утре др.Ристо Симеонов од Клиниката за детска хирургија. Задутре ќе биде дежурна Емилија Велкова од Републичкиот завод за трансфузиологија, во четврток проф.др.Зоран Спировски, директор на Клиниката за торакално- васкуларна хирургија, во петок проф.др.Игор Кузмановски, директор на Клиниката за неврологија. Во сабота за медицински совет ќе биде достапен проф.др.Александар Чапароски, директор на Клиниката за неврохирургија, а во недела проф.др Сашо Караѓозов од Клиниката за дигестивна хирургија.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега