Ноќно читање со ЕВН Македонија
ЕВН Македонија по втор пат го организираше ноќното читање како дел од подршката на светската волонтерска акција „Часот на планетата Земја“.
Стотици граѓани, почитувачи на литературата во пријатна атмосфера под свеќи и електронски светилки во кафе барот Тренд на скопскиот плоштад беа дел од овој настан.
Посетителите се дружеа и со авторите Верче Карафилоска, Оливера Ќорвезироска, Владимир Мартиновски, Симона Јованоска, Лира Бојку, Петар Андоновски, чии ракази се дел од проектот на ЕВН Македонија „Создади книга“.ЕВН Македонија во знак на подршка на акција „Часот на планетата Земја“ ја исклучи светлечката реклама во центарот на градот и на градот Скопје му помогна, симболично да ги исклучи светилките на спомениците во центарот на градот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа