Италијанската „КОНДЕВО“ ќе инвестира 40 милиони евра и ќе вработи над 250 лица
Компанијата КОНДЕВО од Италија, лидер во производството на топлотни разменувачи за бојлери и добавувач на светски познатите производители на бојлери ќе инвестира во Македонија, односно во ТИРЗ во Штип.
Инвестцијата е вредна над 40 милиони евра и треба да донесе ноови најмалку 250 вработувања, соопшти денеска премиерот Никола Груевски на народниот митинг што се одржува во Штип.
- Денеска сакам да објавам една сосема нова инвестиција. Со дозвола на Компанијата со која работеше Џери Наумоф, можам да објавам дека Компанијата „КОНДЕВО“ од Италија, лидер во производството на топлотни разменувачи за бојлери и добавувач на светски познатите производители на бојлери не информираше дека донесе одлука за инвестирање во технолошко индустриската развојна зона во Штип. Инвестиција во вкупна вредност од над 40 милиони евра и минимум 250 нови вработувања, во период од пет години, рече Груевски.
Додаде дека компанијата ќе ја применува најновата технологија во оваа област и оти ќе финансира во тренинг на своите вработени со цел да се обучат за производство на нивниот нов патент производ на светскиот пазар.
Потпишувањето на договорот, истакна Груевски, е во владина процедура и компанијата планира да започне со активностите за градба во текот на наредните три месеци.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа