Во финална фаза одлуката за инвестиција од 15 милиони евра и 300 вработувања во Пробиштип
Во Пробиштип, каде заедно со локалната самоуправа инвестираме повеќе од 2 милиони евра во тек е изградба на индустриска зона, која ќе биде готова во август оваа година. Зона со која дополнително ќе се зголемат можностите за инвестирање, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска на Народниот собир во Штип.
- Во оваа зона постојат огромни шанси за нова инвестиција бидејќи во фаза на донесување финална одлука за инвестирање е компанија од автомобилската индустрија и тоа за инвестиција на 15 милиони евра и отворање на 300 работни места. Правиме се што е во наша моќ да ја реализираме и оваа работа и ќе нпрвиме се што е во наша моќ, истакна Груевски.
Конкретни инвестиции и дела, подвлече тој, се од огромно значење за целиот источен регион. - Дела за кои е вложен многу труд и ангажман од Владата и од локалните самоуправи во овој регион, рече меѓу другото Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа