Груевски: 3.900 пензионери од регионот на бесплатна бања, на 660 им се отпишани долговите

 

Посебен однос имаме и кон пензионерите и за нив реализираме голем број на проекти. Од овој регион, досега 3.900 пензионери досега го искористија правото за бесплатна бањско-климатска рекреација, од кои 1.110 се пензионерите од Штип.

На големиот народен собир во Штип денеска премиерот Никола Груевски зборуваше за предностите кои ги имаат пензионерите од овој регион, истакнувајќи ги придобивките на граѓаните од проектот Отпис на долгови.

-Оваа година уште 650 пензионери, од кои 190 се од Штип ќе одат на бесплатна бања, а 360 пензионери од регионот од кои 100 од Штип веќе се вклучени и во проектот кој го стартувавме оваа година за бесплатен туристички викенд за пензионерите, изјави премиерот.

 

Тој додаде дека во рамки на проектот за отпис на долгови, досега на 660 семејства од овој регион им се изработени решенија во вредност од околу 1 милион евра, а во идниот период и останати семејства кои ги исполнуваат условите ќе ги добијат решенијата.

 

 

Оцени ја веста

29.03.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега