Реновирани 55 училишта во штипско, по 8 нови сали и игралишта и 5 фудбалски терени

 

Во штипско се реновирани 55 училишта, изградени се 8 нови сали, 8 игралишта и 5 фудбалски терени.

-Пред 8 години тука во Штип, како што претходно дадовме ветување го пуштивме во употреба новиот Универзитет Гоце Делчев, кој денес претставува врвна високо-образовна институција со повеќе од 19.000 студенти. Посветени на подобрувањето на условите за настава во овој регион изминатиов период извршивме изградба и реновирање на 55 училишта, изградивме 8 спортски сали, 8 повеќенаменски игралишта, 5 фудбалски терени. Само во Штип беше извршена реконструкција во 8 основни и 4 средни училишта, изграден е фудбалскиот терен во Спортскиот центар Суитлак, двете повеќенаменски игралишта во населбите Автокоманда и Мазги, изградена е спортската сала во Сењак... Проекти и дела. За младите штипјани. За иднината на Штип, истакна премиерот.

Тој посочи дека за овие проекти досега се инвестирани повеќе од 9 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

29.03.2015 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега