Пред да тргнете на пат задолжително прочитајте ја оваа вест

 

Според информациите од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

На регионалниот пат Гевгелија - локалитет „Смрдлива вода" во близина на м.в.„"Длабок дол", дошло до свлечиште на ридот поради што коловозот е затрупан со земја и одрони и е непрооден за сите видови возила.

На регионалниот пат Валандово - ело .Удово, поради обилни врнежи од дожд и надоаѓање на поголема количина на вода и наноси од песок и камења на коловозната лента, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента се до целосно санирање на состојбата.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково -  с.Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец село Дурачка река – село Дренак во должина од 7 километри.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата

 

 

Оцени ја веста

29.03.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега