Хуманитарна трка за децата од СОС Детско село

Хуманитарна трка долга 5 километри насловена „Трчаме заедно за децата од СОС Детското село“ ќе се одржи денеска на кејот на Вардар. Собраните средствата  од партиципацијата за учество на трката ќе бидат донирани на СОС Детското село Македонија.

Хуманитарната трка што ја организираат Евроинс и СОС Детско село почнува во 11:30 часот. Стартот е зад зградата на Владата на Република Македонија, а ќе се трча до хотелот „Александар палас“ и назад. Стартните бројчиња можат да се подигнат најдоцна 30 минути пред почетокот на трката. Партиципацијата во трката изнесува 300 денари, а според организаторите се очекуваат учество да земат над 150 учесници.

Покрај собирањето средства за поддршка на Детското село, со хумаитарната трка се промовира и важноста на спортот во психофизичкиот развој на децата и младите, како и општествената одтговорност на компаниите.

 

 

Оцени ја веста

29.03.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега