Почна летното сметање на времето

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, во 2 часот наутро почна летното сметање на времето што ќе трае до последната недела на октомври годинава. 

Часовниците се поместија за еден час нанапред, односно времето во два часот се смета како три часот.

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји.

Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен. Во поранешна СФРЈугославија, а со тоа и во Македонија, летното сметање на времето првпат е воведено на 27 март 1983 година. 

Летното сметање на времето ќе заврши во последната недела во октомври во три часот наутро.

 

 

 

Оцени ја веста

29.03.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега