Верушевски за Заев: Амнестиран политичар било ко пуштен педофил

 

Скандалозна скајп комуникација меѓу поранешниот шеф на контрарзузнавање Зоран Верушевски првоосомничен во аферата „Пуч“,и неговиот поранешен колега од тајната полиција, петтосомничен во случајот, Ѓорги Лазаревски, откри истрагата во еден од запленетите компјутери од домот на Верушевски, јавува Алфа.

Анализирајќи ја политичката ситуација во земјава и случувањата во опозицијата, Верушевски употербува погрдна терминологија за лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во комуникацијата, Верушевски го користи псевдонимот оркестар11, а Лазаревски е кока кола 10а.

 
Во скајп комуникацијата од 2 февруари 2014 та година, Лазаревски му пишува на оркестар 11 :Тричко ја погоди-Заев треба да учи од Кличко, а не од Вучич. Амнестиран политичар било ко пуштен педофил – одговара Верушевски, односно оркестар11. Двајцата комуникацијата ја проодлужуваат коментирајќи ги предизборниот период. Кока кола10а пишува -море боксерот добро се брани, Верушевски потенцира дека ќе следува страшен период доколку не се смени ништо на политичката сцена. „Ќе биде страшно во моментов кога ќе добијат нов мандат, а тоа личи на неизбежно требаат големи чуда, чудата се започнати“ – пишува Верушевски. Во дел од комуникацијата која ја воделе во мај лани, Верушевски и Лазаревски се охрабруваат дека сега имаат шанса да ги обезбедат своите фамилии.
 
Не сакам да лупам ама имаме голема можност да направиме вредни работи за фамилиите - пишува Верушевски, на што Лазаревски возвраќа - ние имаме фамилијарен став преземен од Фрчко пред 1 година, на што Верушевски додава - како да му објаснам благодетите ќе ги споделуваат нашите семејства.
Околу 6000 пораки, размениле Верушевски и Лазаревски, кои истражните органи ги поврзуваат со кривичните дела што им се ставени на товар. Од анализите на еден од запленетите компјутери на првоосомничениот, досега биле обезбедени пораки кои датираат од 2012 година наваму, но како што вели нашиот извор, тоа не значи дека двајцата и претходно немале комуникација.
 
 
Дел од комуникацијата која ја воделе преку „Скајп“ прво и петтосомничениот
 
23:03-02.02.2014
(ѓ.л)кока кола10а:тричко ја погоди-заев треба да учи од кличко, а не од вучич
(ѓ.л)кока кола10а:за да го помрдне старинскиот задник
(з.в)оркестар11:амнестиран политичар било ко пуштен педофил
23:05-02.02.2014
(ѓ.л)кока кола10а:море боксерот добро се брани
(з.в)оркестар11:знаеш ти одамна ова ќе бидат тешки времиња
(з.в)оркестар11:ќе биде страшно во моментов кога ќе добијат нов мандат, а тоа личи на неизбежно
(з.в)оркестар11:требаат големи чуда, чудата се започнати
(ѓ.л)кока кола10а:треба да ги задржиме
 
09:50 15.04.2014
(з.в)оркестар11: море украина се распадна
(ѓ.л)кока кола10а: не сме далеку и ние
(ѓ.л)кока кола10а: соцјалдемократскиот сојуз нема капацитет за преврат
(з.в)оркестар11:слушај да не заборавам побарав финансиска поддршка за тебе без да спомнувам име реков имам потреба за 500 евра  месечен надоместок за ангажирањето на човекот кој ја подготвува презентацијата ми рекоа нема никаков проблем
09:06 14.05.2014
(з.в)оркестар11: не сакам да лупам ама имаме голема можност да направиме вредни работи за фамилиите
(ѓ.л)кока кола10а:ние имаме фамилијарен став преземен од фрчко пред 1 година
(з.в)оркестар11: како да му објаснам благодетите ќе ги споделуваат нашите семејства
 
Извор: Алфа.мк
 

 

Оцени ја веста

28.03.2015 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега