Македонски Телеком и Т-Мобиле се вклучија во акцијата „Часот на планетата земја" 2015
Телефонските оператори Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, традиционално и оваа година ќе се приклучат во светската волонтерска акција „Часот на планетата земја", преку која со симболично исклучување на светлата ќе се испрати порака за спас на планетата.
Во рамките на акцијата, Македонски Телеком и Т-Мобиле вечерва со почеток од 20 до 22 часот ќе го исклучат осветлувањето во административната зграда во центарот на Скопје, односно во работните простории, во Телеком иновативниот центар, фасадното осветлување и светлечките реклами.
Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со години наназад се вклучуваат во светската акција „Часот на планетата земја" и ја покажуваат својата општествена одговорност, како и посветеноста за заштита на човековата околина. Со поддршката на оваа акција, двете компании истовремено даваат свој придонес во подигањето на свеста за зачувување на здрава животна средина за идните генерациии.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа