Отворен Државниот натпревар по информатика

 

Во просториите на ФИНКИ при Технолошки-металуршкиот факултет во Скопје, во организација на Здружението на информатичари на Македонија и Агенцијата за млади и спорт денес се отвори Државниот натпревар по информатика за ученици од основни и средни училишта во Македонија.

На отворањето свое излагање имаа Претседателот на ЗИМ  Миле Јованов, генералниот менаџер на СЕМОС Валентина Тасева, продеканот на ФИНКИ, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, кој свечено го прогласи  за отворен овој натпревар.

-Овој проект е дел од напорите на Агенцијата за млади и спорт за поттикнување и охрабрување на младите луѓе да го покажат и развиваат својот талент, но истовремено и можност да ги стимулираме младите средношколци за продолжување на своето образование на техничките науки, потенцираше Спасески.

Најдобрите млади програмери, од страна на ФИНКИ, ќе добијат стипендии за бесплатно студирање на факултетот, а од страна на Агенцијата за млади и спорт ќе им бидат доделени награди во техничка опрема која ќе им помогне во нивната натамошна професионална надградба.

 

Дополнителен мотив е секако учеството на најдобрите на Македонската олимпијада, која пак ќе го трасира патот до Светската Олимпијада во Киргистан најавена за јули годинава.

 

 

Оцени ја веста

28.03.2015 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега