Излеани Луда Мара и Раечка Река
Реките Луда Мара и Раечка во Кавадаречко, како што потврдуваат од Регионалниот центар за управување со кризи Велес, се излеани.
- Луда Мара е излеана од населбата Глишиќ до селото Марена при што се поплавени околу 10 хектари земјоделски површини. Настрадала и една куќа, но во неа, според првичните информации, немало жители. Овде наврнале околу 39 литри на метар квадратен, изјави Наташа Петрова од Центарот.
Поради обилните дождови повторно се излеа и Раечка река.
- Зголемено е нивото на реката, таа се има излеано и има поплавено лозови насади на површина од околу 8 хектари. Водата зафатила и неколку импровизирани објекти наоколу, додаде Петрова
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа