Истрагата за „Пуч“ во завршна фаза

 

Истрагата за случајот „Пуч“ се ближи кон крајот. Според неофицијални информации на Press24, сите осомничени освен третоосомничениот вработен во општина Струмица, веќе биле повикани да дадат исказ а и им биле предочени и сите докази до кои дошла истрагата. Првоосомничениот Зоран Верушевски вчера, по трет пат беше донесен во Јавното обвинителство за организиран криминал каде во целост му биле презрентирани доказите. Верушевски до сега беше повикуван три пати но до сега не дал никаков исказ и не ги коментирал доказите. Вчера во зградата на Апелациониот суд каде се наоѓа ова обвинителство се задржа од 10 часот наутро до 19 часот. 

И четвртоосомничениот во „Пуч“, Зоран Заев, досега три пати бил во јавното обвинителство од кои два пати во текот ан изминатата недела. И нему му биле презентирани доказите но и тој до сега не дал никаков исказ. Интересно е што Заев не даде никаков коментар за она што му било предочено во истрагата ниту во бројните јавни настапи. Лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица бил повикан и за случајот „Поткуп од 200.000 евра“ и бил соочен со доказите за корупција, но и за овој случај Заев до овој момент нема дадено одбрана.

Во обвинителството бил побаран исказ и од сопругата на Зоран Верушевски , која се јавува како второосомничена но и таа досега не ги коментирала доказите до кои дошла истрагата.

Исказ има дадено единствено петтоосомничениот , екс- вработен во МВР кој според извори од истрагата бил главен оперативец во акцијата за прислушување под „диригентската палка“ на Зоран Верушевски.

Во текот на следните денови се очекува во обвинитлетсвото да биде повикан и третосомничениот со што истрагата ќе биде речиси целосно заокружена.

Според извори на Press24, во завршна фаза е и истрагата за поткупот кој наводно го побарал струмичкиот градоначалник.

Меѓу дел од доказите за случајот Пуч досега се споменуваа писма, скајп комуникација, видео снимки, разговори и материјали на англиски јазик како и пресудата за шестоосомничениот кој го призна делото и рече дека по налог на Верушевски прислушувал за странски тајни служби.

 

 

Оцени ја веста

28.03.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега