ОТВОРЕНИ ЗАКАНИ: Стојанче Ангелов вербално го нападна уредникот на Нетпрес
Продолжуваат заканите до новинари во Македонија од страна на оние кои постојано критикуваат дека нема слобода на медиуми во земјава.
Стојанче Ангелов синоќа вербално го нападна новинарот и уредник на Нетпрес, Дејан Николовски, а за тоа и јавно се пофали на Фејсбук.
-Синоќа, сосем случајно налетав на него. Да не бев политичар, ќе беше многу едноставно. Го фаќам за врат и го трескам од земја! Безмислосно! Па што сака нека биде. Но сега... Сега јас сум политичар. И треба да бидам фин... Премногу сме пасивни. Но! Отсега натаму нема!...Ќе платиш за се! Ќе платиш и тоа како!....Но, можеби еден ден нема да бидам политичар и некаде на улица ќе налетам на тебе, напиша лидерот на „Достоинство“, Ангелов.
Очекувано, за овој негов насилнички чекор, доби поддршка од медиумите блиски до СДСМ и финансирани од СОРОС. Инцидентот бил снимен од нив и објавен на Интернет, а најголемиот дел од нив објавија и вест на оваа тема.
Ниту еден новинар во овие медиуми не напиша осуда за ваквото однесување на еден политичар врз македонски новинар.
Тие продолжуваат да работат со двојни аршини. Нема да застанат во одбрана на својот колега од Нетпрес, но ова да му се случеше на новинар од нивните медиуми-ќе направеа вистинска драма. Тогаш ќе обвинуваа дека новинарите во Македонија немаат слобода, а сега молчат.
Од друга страна, лицемерно е и однесувањето на Ангелов. Тој напаѓајќи го Николовски, критикуваше негов текст објавен на Нетпрес. Ангелов никогаш не реагираше на текстовите на новинарите блиски до опозицијата, колку и да беа тие полни со навреди, говор на омраза и шпекулации.
Ангелов не изустил ниту збор против македонскиот новинар кој користи најнизок, некултурен речник, Саше Политико. Тој молчи за уредникот на Мактел кој пишува текстови со пцовки и навреди, затоа што му е старосват и го брани.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа