Попладнево ќе се освежиме со дожд

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа ќе има поизразена нестабилност со услови за локално невреме проследена со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појавана град, особено во источниот и југоисточниот дел на земјава.

Во наредната недела ќе преовладува променливо облачно и малку попријатно време. Ќе има и сончеви периоди, но во попладневните часови локалено ќе развива нестабилна облачност која ќе биде  проследена со краткотраен  пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Вредноста на  УВ индексот ќе биде околу 7. 

најчитано сега