Македонија дел од „Часот на планетата Земја“

 

Со едночасовно исклучување на светилките на повеќе од 60 локации низ целата држава вечерва Македонија ќе се приклучи во светската волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, преку која ќе испрати порака за спас на планетата.

Централниот настан ќе се одржи на улицата „Македонија“, Порта Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Музејот на холокаустот, Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, мостот „Око“, Мостот на уметноста и плоштадот „Филип Втори“. Во акцијата ќе се приклучат и скопските општини Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров. Во Охрид во мрак ќе останат Самоиловата тврдина, црквата „Канео“ и споменикот на свети „Кирил и Методиј“, а поддршка на акцијата најавиле и Прилеп, Кавадарци, Ресен, Струмица, Битола,...

- Веднаш по исклучувањето на осветлувањето во 20:30 часот присутните ќе можат да погледнат уникатен флеш моб перформанс со специјални светлечки ефекти, збогатен со осветлување на улицата „Македонија“ со свеќи во форма на 60+, кој е заштитен знак на планетата Земја, информира организаторот на акцијата Ѓорги Селков.

Организатори на акцијата се Градот Скопје, Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја 60+“, Црвениот крст, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН и Агенцијата за енергетика на Република Македонија. 

Националниот координатор за климатски промени во Министерството за животна средина и просторно планирање Теодора Обрадовиќ - Грнчаровска побара смета дека само со партнерство меѓу владите, невладиниот сектор, бизнис заедницата и секој граѓанин е можно справувањето со климатските промени.

Црвениот крст, според претставникот Владимир Вукелиќ, преку своите општински организации со околу 1.700 млади волонтери преку различни активности да дадат сопствен пример за заедницата.

Поддршка на кампањата ќе и дадат познати личности од Македонија, меѓу кои Даниел Кајмакоски, Снеже Велков, Татјана Алексиќ, Атанас и Тино,...

Годинашната кампања се одвива под мотото „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“. Во акцијата ќе учествуваат 162 земји од светот, кои во 20:30 часот по локално време ќе ги исклучат светилките во над 8.000 градови.

 

 

Оцени ја веста

28.03.2015 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега