Возачи задолжително прочитајте ја оваа вест

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози.

Слаб дожд паѓа низ цела Македонија,освен на П.Шапка каде префрла слаб снег.

На планинскиот превој Буково има појава на магла со видливост 30-50 м.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

 

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица -  Делчево, Виница - Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

 

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 

 

Оцени ја веста

28.03.2015 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега