ВИДЕО: Верушевски на распит во обвинителството за организиран криминал

 

Првоосомничениот во аферата "Пуч" попладнево беше на распит во јавното обвинителство за организиран криминал. Според информации на Сител тој кај обвинителите се задржал повеќе од еден час и му биле предочени дел од доказите до кои дошла истрагата. Непознато е дали Верушевски овој пат дал исказ и своја одбрана.

Ова не е прв пат тој од истражниот затвор во Шутка да биде пренесен во Јавното обвинителство, но според досегашните сознанија тој до денеска не дал одговор на обвинувањето. Претходно на распид беа повикани и останатите осомничени меѓу кои е и лидерот на СДСМ Зоран Заев. 

Зоран Верушевски го напушти обвинителството во 19 часот. 

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

 

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега