Прв земјоделски саем во Кавадараци

 

Во организација на здружението „Винотек“, под покровителство на градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов, денеска и утре во Кавадарци се одржува земјоделски саем., пренесе МИА.

На саемот учествуваат 22-ца изложувачи, а според градоначалникот интересот е огромен за посета на оваа манифестација. 

- Како локална самоуправа задоволни сме што поддржавме една ваква иницијатива, истакна Панов.

Земјоделците, како што рече Јован Еленов, претседател на “Винотек, имаат можност да се запознаат со најновите достигнувања во земјоделството.

- На овој регион му беше потребна една ваква манифестација на која има хемиски препрати, опрема и механизација за земјоделството, како и системите капка по капка, изјави Еленов. 

Директорот на саемот Панче Арсовски нагласи дека саемот ќе стане традиционален и меѓународен.

Саемот за отворен го прогласи заменик градоначалникот Слободан Ивановски кој е и советник во општинскиот совет.

Првиот земјоделски саем во Кавадарци го поздрави и деканот на факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, професор доктор Драган Димитриевски.

 

- Кавадарци е огромен производител на грозје и вино и сигурно дека се потребни вакви манифестации каде земјоделците ќе се запознаваат со новата механизација, средствата за заштита и другите потреби за земјоделскиот бизнис, рече Димитриевски.

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега