Проверете каква е состојбата на патиштата низ Македонија
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози.
Слаб дожд паѓа низ цела Македонија.Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.
На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа