Работи што не ги знаеме за авионските несреќи: Ако се плашите од летање не го читајте ова

Помеѓу 43 и 54 проценти од пилотите признале дека имаат заспано за време на лет во пилотската кабина. Една третина признале дека често им се случувало да се разбудат во одреден момент за време на летот, забележувајки дека и ко-пилот спие.

Најстрашниот дел од летот може да биде фактот дека сте затворени во голема лимена кутија со крилја која лета низ небото. Додека летате вие немате контрола над авионот и препуштени сте на исправноста на машината, пилот и состојбата на авионот. Иако бројот на несреќи е се помал и помал, треба да бидете подготвени за сите ситуации.

Во случај кога некој авион ќе заврши во зона на турбуленции, работа на екипажот во леталото е да се погрижат сите патници да бидат смирени, затоа што е доволно тешко  да го приземјат авионот во тешки услови и без паниката на 80 луѓе. Но, тој мир не секогаш помага при итни случаи.

Ова се факти кои веројатно не ги знаете, и ако се плашите од летање, може да биде подобро да го прескокнете ова знаење, сепак:

1. Во времето на несреќата, во зависност од брзината на ударот, голема е веројатноста дека вашето тело експлодира во себе, знаејќи дека човечкото тело се состои од околу 70 проценти вода. Дури и ако тоа не е случај, експлозијата на авионот може да биде доволна.

2. Безбедносниот појас нема никакви држачи за рамења. За време на судар при мала брзина, држачите за рамења би можеле да ви го спасат животот, а повредите од начинот на заштита би можеле само да бидат модринки на градниот кош.

3. Без појас кој ги опфаќа рамената, јачината од ударот може да доведе до кршење на вратните пршлени. Постојат веројатности и дека во вистинска смисла на зборот може да се остане без глава.

4. Предниот дел на авионот многу тешко ја поднесува штетата при несреќите, во споредба со задниот. Поради тоа би требало распоредот на седишта во авионите да биде друг. Во воените авиони распоредот за седење е обратен, што спасил многу животи.

5. Елеците за спасување се тука најмногу да им олеснат на екипите за спасување полесно да ги пронајдат останатите тела после несреќа.

6. Во воените авиони, морална процедура е земање на отисоци од стапалата. Причината поради ова е што тоа најчесто се деловите кои остануват препознатливи после судир, а на тој начин се идентификувале и исчезнати војници.

7. Маски за кислород, всушност прават услуга ако дојде до авионска несреќа. Тие се наменети да се користат кога авионот ќе надмине одредена висина во текот на летот и исчезнува притисокот во кабината. Понекогаш се случува тие да испаднат за време на турбуленции, но тоа е обично грешка во системот.

8. Речиси сите авиони се произведени во согласност со принципот – што по евтино. Што е пониска цената на авинот тоа најчесто се купува.

9. Во текот на падот, големата брзина на ветрот може да предизвика целата облека што ја носат сите присутни едноставно да им одлета.

10. Ако преживеете авионска несреќа во вода, големи се шансите да добиете хипотермија, и во овие услови – вклучително и ладна вода, во прашање се секунди. Ако вашата глава е целосно потопена под вода, тоа многу често доведува до нарушување на функцијата на мозокот.

11. Поради зголемено ниво на јаглерод диоксид во озонската обвивка се поголема е веројатноста од турбуленции, велат научниците. Од почетокот на воздухопловството до денес, турбуленциите имаат пораст од 40 проценти.

12. 80 проценти од сите воздухопловни несреќи досега се случиле во полетување или слетување.

13. Во случај на пожар во кабината, 90 секунди е времето за кое можете да излезете од авионот пред се да изгори. Ако седиш на повеќе од 5 редови подалеку од излезот, статистички гледано, шансите за преживување се многу пониски.

14. Помеѓу 43 и 54 проценти од пилотите признале дека имаат заспано за време на лет во пилотската кабина. Една третина признале дека често им се случувало да се разбудат во одреден момент за време на летот, забележувајки  дека и ко-пилот спие.

15. Во текот на падот поради голема брзина со високата декомпресија во кабината, повеќето патници се онесвестуваат  и  пред падот.

16. Често различни авиокомпании ги намалуваат  трошоците со тоа што не го полнат целосно резервоарот со гориво. Многу често авионот  тргнува на пат со помалку од препорачаната количина на гориво во резервоарот.

И покрај сите овие факти, јасно е дека воздушниот сообраќај сега е многу побезбеден од кога и да е. Повеќето авионски несреќи може да се преживеат, а шансата дека ќе доживеете авионска несреќа во својот живот е помеѓу 1 и 6 во 11 милиони.

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега