Прилеп останува лидер со легализирани 8.500 дивоградби

Продолжува легализацијата на бесправно изградени објекти во општината Прилеп.  Дененска беа доделени нови 65 решенија за легализација, заклучно со кои досега се легализирани околу 8.500  дивоградби, од вкупно поднесените 15.367 барања за добивање на правен статус на објектот.

Решенијата на граѓаните им ги врачија градоначалникот на општината Марјан Ристески кој истакна дека доста значајно за општината е спроведувањето на Законот за легализација на дивоградбите, преку кој Владата на РМ, на сите граѓани им овозможи историска шанса за стекнување на правна и легална сопственост на нивните домови.

-Ние, како локална самоуправа, вложивме максимални напори целокупниот процес непречено и динамично да тече, воведувајќи повеќе технички мерки за засилување на динамиката на работа, истакна градоначалникот Ристески.

Официјалните информации говорат дека Прилеп останува на првото меесто на ниво на држава како по легализирани објекти, така и според изработката на деталните урбанистички планови.

Прилепчани покажаа голем интерес за оваа владина социјална мерка за докажување на сопственоста за нивните дивоизградени објекти. 

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега