Напиток со кој ќе ги „убиете" пролетните алергии

Пролетните алергии се честа и непријатна појава и ретко можат да се излекуваат на природен начин, но сепак е можно нивно спречување.

Сите кои имаат проблеми со пролетните алергии можат да ги олеснат симптомите со природен напиток.

За подготовка потребни се: еден морков, два поголеми портокала, половина краставица, 5-10 листови нане, 20 грама свеж корен од ѓумбир.

Сите состојки треба добро да се измијат и излупат, а потоа се ставаат во блендер.

Портокалите го заштитуваат имунолошкиот систем бидејќи се одличен извор на витамин Ц, нането е одлично природно инхалаторно средство за респираторниот систем, кој најмногу страда во пролет. Ѓумбирот ги намалува главоболките, кои можат да се појават како резултат на често кивање, а освен тоа е и моќен антиоксиданс.

Доволна доза од овој напиток е една чаша дневно, која треба да се испие наутро пред појадок.

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега