Со закани и говор на омраза се борат да останат на платениот список на СОРОС
Новинарите кои со полни џебови од парите на СОРОС изградија кариера во Македонија изминатиов период играат на „се или ништо“.
По најавите дека Владимир Милчин ќе биде сменет од челната позиција на Фондацијата Отворено општество, овие новинари се уште се во неизвесност кому треба да се додворуваат. Бидејќи мегаломанските суми и досега беа наменети за секој оној кој нема да избира средства и начини да плука по македонската Влада, тие многу добро знаат дека за да останат во листата платеници на СОРОС, ќе треба да се потрудат.
Говор на омраза, вербални напади врз сите неистомисленици, кодошење и плукање на Македонија се сега најмоќните полиња за “мерење на мускули“. На крајот ќе оценува наследникот на Милчин, човек кој секако ќе биде близок на Бихаќка, тесен соработник со опозицискиото партиско раководство.
Многу пари за СОРОС, ич ќар за Македонија
Медиумите со овој наслов ја обелоденија мегаломанската сума на пари кои СОРОС ги исплаќа на сметката на дел од медиумите во Македонија.
Податоците се фрапантни, но јасно укажуваат за што се борат овие новинари не бирајќи средства. Цели 92 милиони евра се потрошени од постоењето на Институтот СОРОС во нашата земја.
Доколку попрецизно се погледнат извештаите, ќе се види дека СОРОС трошела “вреќи“ пари секоја година. Фондовите со кои располага Владимир Милчин легнуваат на сметките на медиуми блиски до СДСМ, невладини организации и опозициски функционери. Ниту денар од овие мегаломански суми не беше доделен за Македонија да извлече некаков ќар.
Преку извештаите се правдаат пари кои се трошеле на медиуми, телевизиска опрема, грантови за радија, студија, стипендии од по неколку илјадници евра за човек… И сите овие суми поделени во мрежата која беше стопроцентно ставена на располагање на опозицијата.
Ниту 92 денари од овие 92 милиони евра не беа дадени за суштински проект од кој ќар ќе има нашата земја. Милионските суми не биле наменети за Република Македонија, туку за создавање на медиумска и невладина мрежа, од која единствено корист ќе има опозицијата.
За овие новинари и уредници, парите и нивната добивка беа сигурни во рацете на Милчин. Во неизвесноста кој ќе го наследи човекот официјално прогласен за “кодош“, се отвори фронт во трката по пари. Во оваа трка, за нив се чини, дека се е дозволено.
Дрски напади, закани и говор на омраза
Нервозата и фрустрациите кај СОРОС-овите платеници кулминира по неуспешното сценарио на Зоран Заев за дестабилизација на Македонија. Последниот во низата излезе од ударната тупаница на СДСМ, Никола Гелевски кој буквално побесна во гостување на „24 Анализа“ на телевизијата 24 Вести.
Неговиот настап во најмала рака во јавноста и преку социјалните мрежи е оценет како скандалозен. Но, ваквиот речник на платениците на СОРОС кои жестоко ја бранат политиката на СДСМ не е ништо ново. Јавно неколку пати досега можеше да прочита за бесрамните навреди и недолични зборови искажани од Сашо Ивановски, како и заканите на Бранко Тричковски кои пишуваше дека сонувал дека го убил премиерот Никола Груевски, а го сечел на парчиња вицепремиерот Зоран Ставрески.
Новинарски пленум
Под закрилата на тврдењето дека слобода на медиуми во Македонија нема, гласноговорниците на СДСМ, кои земаат огромна сума на пари од СОРОС, одлучија да формираат новинарски пленум.
„Чувствуваме потреба да не стоиме на страна од случувањата и да ја потенцираме одговорноста во вршењето на новинарската професија“, велат членовите на новинарскиот пленум.
А она што за нив претставува одговорноста е нивната битка против власта, која свесно ја претворија во битка против државата. Тие плукаат по сопствената земја, по македонските институции и закони, по патриотизмот, по секој оној кој љубовта кон државата ја става пред се. Новинарите кои земаат огромни средства од СОРОС на овој начин ја исполнуваат својата цел, затоа што досега му беа на листата на Милчин, па сакаат да обезбедат место за своите банкарски сметки и на листата на следниот челник на оваа Фондација.
На арапска телевизија плукаа по Македонија, па формираа новинарски пленум.
Новинари кои со години работат во медиуми блиски до СДСМ, пред извесно време буквално го допреа дното. Во документарецот на Ал Џезиратие беа дел од “оркестарот“ кој рафално ја нападна нашата земја нанесувајќи и ненадоместлива штета на Македонија.
Во емисијата Македонија се третира како темна дупка, заостаната земја во која живее мнозинство население кое е православно и словенско, никаде во повеќе од 25-минутната емисија на Ал Џезира граѓаните на Македонија не се наречени Македонци. За оваа телевизија и македонските херои се грчки или бугарски, а Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останатите македонски војводи се претставени како лажни херои кои седат на коњи.
Опозицискиот новинар Борјан Јовановски во изјава за „Ал Џезира“ ја потврдува тезата на оваа арапска телевизија дека во Македонија живее албанско муслиманско малцинство и проавославни Словени.
Јовановски лично за Ал Џезира изјави дека во Македонија не живеат Македонци, туку Словени
-Создадоа голема поделба меѓу македонското население. Ние сме дел од тоа население и ние и натаму ќе продолжиме да бидеме Словени. Меѓутоа, постои и друг дел од населението кои изненадно станаа Антички Македонци, рече Јовановски.
Ваквите изјави на Јовановски беа емитувани во емисијата на арапската телевизија која изобилуваше со антимакедонска пропаганда, помогната од СДСМ и платениците на Соросовата фондација во земјава. Во 25 минутното видео телевизијата упати низа навреди кон Македонија и македонскиот народ. Во целата приказна, главни ликови кои ги поткрепуваа неоснованите напади на арапската тееквизија беа Радмила Шекеринска и луѓе блиски до СОРОС.
Уредничката на „Фокус“ Јадранка Костова исто така беше дел од овој документарец чија основна цел е да се нанесе штета на угледот на Македонија. И таа е дел од новинарскиот пленум.
Последните случувања докажаа дека е мошне лицемерно што одредени новинари создадоа новинарски пленум за да бараат слобода на новинарството. Уредникот на ТВ Алсат, Мухамед Зекири, во име на СДСМ, ја цензурираше емисијата на Васко Ефтов.
И Ацо Кабранов кој со години зема пари од СОРОС нема намера да се одкаже од мегаломанските суми кои ги дава оваа Фондација.
Дел од новинарскиот пленум се познати лица кои уште во времето на А1 телевизија жестоко ја напаѓаа Република Македонија, во одбрана на партијата која со години е во опозиција. Не е тајна дека СДСМ освои најголем број на гласови на избори, споредбено со минатите години, поради жестоката пропаганда токму на оваа телевизија. Меѓу нив се: Биљана Секуловска, Сашка Цветковска, Менче Точи, Јован Постоловски-Јофе.
Драган Антоновски и Тамара Чаусидис од Самостоен синдикат на новинари и медумски работници исто така преку потпис за новинарскиот пленум покажаа лицемерност. Тие ниту еднаш досега не застанаа јавно зад новинари кои не се дел од мрежата на СОРОС. Чаусидис ги брани само новинарите чија работа е во полза на СДСМ со што директно нанесува штета на професијата која се претставува дека ја брани.
Од неразјаснети причини дел од новинарскиот пленум е и Љупчо Бубо Каров од К-15.
Останатите на листата се исто така новинари вработени во опозициските медиуми, кои гласно бранат политика, работеле во повеќе медиуми, а се жалат дека нема слобода во Македонија: Оливера Трајковска, Ида Протугер,Катерина Блажевска, Санта Аргирова, Искра Новаковска, Боби Христов, Звездан Георгиевски, Владо Апостолов, Љубиша Арсиќ, Зоран Димитровски, Ирена Мулачка, Јане Димески, Јасминка Аневска, Среќко Поповски, Христијан Стојчевски, Александар Јанев, Лени Фрчкоска, Славица Филиповска, Теофил Блажевски, Васко Попетревски, Владимир Мирчевски.
Потсетување: Сомнителните зделки во текот на годините
За потсетување, во 2006-тата година, како што е наведено во Извештајот, се потрошиле над 5 милиони денари за квалитативен монитиронг на медиуми. Доколку се соберат целокупните финансиски средства со кои располагала Фондацијата во сите години на своето постоење, ќе се заклучи дека во Македонија се потрошени над 92 милиони евра од Соросовиот Институт. Ова е само мал приказ на тоа како оделе парите на годишно ниво.
Според Извештајот, во 2009-та година за финансирање на новинари практиканти во ЕУ, Фондацијата потрошила над 2 милиони денари. За проектот на НВО Инфо Центар- Медиумско огледало се потрошиле 2 милиони и140 илјади денари. ГЕМ за своите активности добил 20 милиони денари, а финансиски средства добила и Општина Струмица за изградба на амфитеатар.
Пари од Фондацијата добил и Мерсељ Биљаљи, кому му го финансирале и издавањето на неговата лична книга, а кој воедно бил и дел од управните органи на СОРОС.
Во 2011 година за пишување на извештаи кои биле упатувани до Европската Комисија, СОРОС Македонија потрошила 18 милиони денари. Еден од носителите на активностите бил Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) под раководство на Лидија Димова, сегашен партиски функционер на СДСМ. Токму Димова е позната по барањето кое го упати до европските институции за одземање на средствата кои ги дава ЕУ за поддршка на Македонија. Оттука, може само да се замисли какви биле барањата и што се пишувало во извештаите кои биле испраќани до ЕУ.
Нови 18 милиони се потрошени на како што стои во Извештајот, “создавање на три нови дневно информативни портали и се започнаа подготовки за нов информативе портал на албански јазик“. Нагласено е дека се збогатиле и унапредиле содржините на два неделни интернет магазини, обучени биле над 30 мпади новинари за продукција.
Во извештајот за 2012 година, Фондацијата се фали дека организирала оценка на капацитетите на Комисијата за лустрација преку креирање на анализи и издавање на стручни трудови. Инаку, ова доаѓа откако првиот човек на организацијата Сорос Македонија, Владимир Милчин, беше лустриран и прогласен за поткажувач на тајните слузби.
Тие во извештаите се фалат дека организирале и 31 дебата на клубот (ГЕМ ) Граѓани за европска Македонија во која учествувале наводно 3505 граѓански учесници и слушатели. Инаку, гласноговорници кои учествуваа на дебатите на Гем клубот се лица како Бранко Героски, Жарко Трајановски, Ѓунер Исмаил и потпретседателската на СДСМ, Фросина Ременски.
За развој само на граѓанското општество таа 2012 година СОРОС потрошил над 1 милион евра. Носител на голем дел од активностите е платформата „Метаморфозис“, која е ќерка фондација на Соросовиот институт.
До каде се подготвени да одат?
Нивните скандалозни чекори многу пати досега ја фрапираа македонската јавност. Исто толку пати и нанесоа штета на Македонија. По најавите дека Милчин ќе си замине, новинарите кои и досега трошеа пари од СОРОС, очигледно се подготвени на СЕ, само за да останат на платениот список. Застрашувачко е што никој не може да претпостави до каде се подготвени да одат овие новинари само за да го освојат и новиот челник на СОРОС. Останува да видиме колку ќе додржи нивната несовесност со која работат на штета на Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа