СЕКОЈА ЧЕСТ: Македонец на врвот на Хималаите

Македонецот Здравко Дејановиќ се искачи на врвот Анапурна 1 на Хималаите висок 8.091 метар, кој се смета за еден од најсмртоносните и најопасни врвови за искачување, соопшти денеска Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Дејановиќ врвот го искачил на 24 март годинава во 14.45 часот по локално време. На врвот Анапурна 1 досега се забележани само 192 искачувања од планинарски експедиции.

Двајца планинари Пемба Шерпа од Непал и Самули Мансика од Финска кои се наоѓале во истата група со Дејановиќ, по успешното искачување на Анапуран 1, при спуштање трагично го губат својот живот.

- Суровоста на природата и агонијата на ова искачување, а особено слегувањето од врвот после оваа голема несреќа ги надополнуваат големите лавини, во една од нив губат дел од опремата. Многу ниската температура од околу - 50 степени, следена со леден ветар, уште на врвот предизвикала смрзнатини на лицето и на рацете. Поради големата исцрпеност, тимот изгубил многу време и бил принуден да преспие на 7.400 метри. Следниот ден продолжиле до кампот 4, каде се реализира и контакт со Здравко Дејановиќ кој известува дека „сите членови имаат некакви повреди, психички и физички, а тој самиот има смрзнатини на рацете, но оти се чуствува добро, се вели во соопштението од Федерацијата на планинарски спортови на Мкаедонија.

Дејановиќ денеска во 1:30 часот по локално време пристигнал во базниот камп каде со хелихоптер со другите членови, треба да биде превезен до болницата во Катманду, Непал.

Ова е огромен успех за македонското планинарство. Здравко Дејановиќ со ова стана прв и единствен Македонец кој до сега има искачено три врва над 8000 метра, а со ланското искачување на К2  и овогодишното на Аннапурна 1, како и со претходно искачениот Монт Еверест, до денес е нашиот најуспешен ХИМАЛАЕЦ, чии успеси полека влегуваат и како врвни, светски достигнувања во Хималаизмот, се истакнува во соопштението.

МИА

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега