Следниот понеделник ќе не пречека вистински шок кога ќе ги слушнеме новите цени на бензините

Голем скок на цените на нафтата по нападите на Саудиска Арабија врз Јемен.
Американската „лесна“ нафта за испорака во Мај вчера на берзата во Њујорк скокна за 1,9 долари и се продаваше за 51,11 долари за барел.
Северноморската нафта од типот „брент“ поскапи за речи си 2 долари по барел и нејзината цена како што јави Фрнас прес доситгна до 58,43 долари за барел.
Токму врз основа на оваа цена се креира и цената на нафтата во Македонија.
Во текот на денешниот ден агенциите јавуваат нов голем скок на нафтата на светските берзи. Во Њујорк цената надмина 52 долари а во Лондон цената надминува 60 долари.
Тоа се лоши вести за македонските возачи. Доколку се задржи овој тренд односно цените продолжат да се качуваат, во понеделник на 10 април ќе имаме значително поскапување на малопродажните цени во Македонија.
Последната корекција беше извршена на 23 март. Тогаш просечната цена на нафтата беше скоро 58 долари.
Претпоставките се дека цените ќе се качат до 65 долари за барел, а тоа за возачите во Македонија би значел вистински шок. За две недели би можело да имаме и за повеќе од 5 денари поскапо гориво од денеска. 

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега