Копилотот поминал 18 месеци на психијатриско лечење
Младиот копилот Андрес Лубиц многу е веројатно дека поминувал низ „лична криза“ во моментот на страшниот пад на авионот на „ Germanwings“, јавуваат светските медиуми.
Во медиумските извештаи се наведува како 28-годишникот се борел со емоции и депресија после пропадната врска. Се верува као токму тоа било причина зошто авионот „Ербас А320“ на лет од Барселона за Дизелдорф се заби во планина при што загинаа 149 лица, пишува Дејли Меил.
Сведоци за новинарите пред куќата на Лубиц тврдат како наводно требало да се ожени следната недела. Познато е дека Лубиц имал девојка, меѓутоа никој од неговите блиски не забележал дека нешто не е во ред.
Нова теорија зошто до несреќата дошло се појави само неколку часа откако полицијата, која ја води истрагата, објавила како дошла до „значајно откритие“ во текот на четиричасовното пребарување на станот на Лубитц, кој го делел со девојката.
Водачите на истрагата одбиваат да ги објаснат деталите за откритието, но нагласуваат како не се работи за оставено писмо за збогум.
-Дадовме се во потрага како би пронашле нешто што би можело да ни објасни што се случило. Пронајдовме нешто што ќе го однесеме на тестирање. Не можеме во овој момент да кажеме за што се работи, но би можело да станува збор за многу значајна трага. Се надеваме дека ќе ни објасни некои работи – изјавил за Дејли меил Маркус Ниесцери од полицијата во Дизелдорф.
Да потсетиме, вчера шефот на Лубиц призна како тој воопшто не требало да лета и дека успеал да премине низ „сигурносната мрежа„, цел состав тестирања и поддршка измислена токму за вакви случаи. Откриено е како Лубиз страдал од депресија и телесна исцрпеност предизвикани од стрес и фрустрација што секако ја кочело неговата кариера.
Германскиот дневен весник Билд во петокот пишува како Лубиц пред шест години имал „сериозна епизода на депресија“. Цитирајќи интерни документи и извор внатре „Луфтханза“, Билд наведува како Лубиц поминал година и пол дена на психијатарско лекување. Тие откриени документи ќе им бидат проселедени на француските истражувачи веднаш штом ги погледнат гермаските власти.
Извршниот директор на „Луфтханза“ Карстен Спохр на новинарската конференција во четвртокот рекол дека Лубиц земал пауза од тренингот, но не објаснува зошто. Изјавил само дека Лубиц ги положил сите тестовите на способности.
-Пред шест години имал долга пауза во обуката. Откако повторно ја поминал проверката, продолжил со тренингот. Ги положил сите тестови и проверки со одлични резултати. Неговите летачки способности биле без грешка. Бил способен да лета без никакви ограничувања. „Луфтханза“ има посебен состав на известувања во кои екипажот може без никаков страв од казна да ги пријави своите проблеми или да укаже на проблемите на своите колеги. Сите „безбедносни мрежи“ кои ги имавме , или барем мислевме дека ги имаме, во овој случај не работеа – објаснува Спохр шефот на „Луфтханза“ мајчинската компанија на „Germanwings“.
Портпаролката на „Луфтханза“ денес наутро изјави дека како компанија нема да ја коментира здравствената состојба на пилотот.
И покрај, сето тоа, успеал да ги помине сите психолошки проценки и е сметн способен за летање. Според зборовите на истражувачит, една абнормална работа кај Лубиц е колку нормално изгледал.
Обвинителите во текот на вчершаниот ден откриле детали од снимката на кокпитот на црната кутија, пронајдна на местото на падот, во кое се слуша како капетанот на авионот се обидува да влезе назад во кокпитот откако Лубиц се заклучил и останал сам.
Крици на патниците свесни што ќе се случи може да се случат дури во последните секунди лет.
Потегот на копилотот ја поттикна Канада и неколку поедини воздухопловни копмпании во четврток да донесат одлука според која во пилотската кабина секогаш мора да бидат две лица. Британската воздухопловна компанија EasyJet И Канадската Air Transat први ја објавила оваа одлука а пота канатската министерка за сообраќај објавила во Отава дека така ќе мора да летаат сите канадски компании. Истот правило го воведуваат и Norwegian Air Shuttle и исландски Icelandair.
И други европски компании размислуваат за ваков потег по кој во пилотската кабин акога излезе пилотот или копилотот ќе влезе стјуардеса или стјуардес во авионот. Меѓутоа засега се чека финалната истрага во Франција.
Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај вели во соопштението дека во моментот во Европа на сила е правило по кое пилотот не мора да биде заменет со член на екипажот кога го напушти кокпитот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа