Тејлор Свифт сака да сними дует со Бијонсе
Популарната Тејлор Свифт во моментов работи на нови песни заедно со Кање Вест и Келвин Харис, но, како што објавуваат американските таблоиди, постојат гласини дека таа „најмногу од се“ сака да сними дует со Бијонсе.
Како што објави „Холивуд Репортер“, Тејлор е голем обожувач на Бијонсе и затоа сака да сними дует токму со неа.
- Тејлор би убила човек за дует со Бијонсе. Тоа би било остварување на нејзините соништа. За оваа идеја се уште не ја прашала Бијонсе, но тоа дефинитивно е на нејзината листа на желби, изјави извор близок до Тејлор.
Тој вели дека Тејлор во моментов се подготвува за светската тирнеја и нема многу слободно време, но доколку Бијонсе би побарала да снимат дует, таа вднаш би го прифатила тоа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа